ransomware mail

Ransomware вируси напаѓаат на македонски

Ransomware вируси направија огромна штета на многу фирми и физички лица. Типот на енкрипција која се користи се менува од ден во ден. Колку и да се трудиме да се заштитиме со некој антивирус или слични програми секогаш ке помине некој нов вирус кој излегол пред неколку саати.
Најдобра одбрана е едукација на корисниците. Најважно е да не се отвараат прикачени фајлови во е-маил пораки од непознати испраќачи.
Ке наведам два примера од минатата недела. Првиот е е-маил преведен на Македонски, напишан на кирилица и има прикачено фајл – потврда за плаќање на $57000. Никој не ми должи толкава сума, ниту соработувам со Шкотска Банка и најбитно мејлот е преведен со помош на Гугл на лош Македоски.

ransomware mail

Вториот мејл е од Прокредит Банка со наслов декам имам плаќање од Кумановска фирма Алфи БИ, која навистина постои и сум купувал од нив. Во мејлот е прикачен SWIFT за девизно плаќање од Прокредит Банка, зошто локална фирма би ми платила девизно, зошто го нема мојот мејл во примач итн. Се оваа ни кажува дека овој мејл не е вистиски и не треба да се отвараат прикачените документи.

ransomware mail

Секојдневно пристигнуваат мејлови со сомнителна содржина и прикачени документи со наставка на крај pdf.zip; jpg.rar; doc.jar и слични комбинации. Не ги отварајте прикачените документи доколку не сте сигурни дека се од проверен партнери или фирми.

Posted in Outlook, Хард Диск.